Моќна и емотивна приказна за искупувањето, семејните врски и цената што ја плаќаме за среќата. Во средиштето на приказната се Мехмет, човек чие минато постојано го потсетува на себе, и Хандан, жена која однадвор делува силно, но длабоко во себе е скршена.

Мехмет е успешен адвокат кој по смртта на сопругата, се обидува повторно да се зближи со својата ќерка Доа, од која со години бил емоционално оддалечен. ивниот однос е исполнет со болка и недоразбирања, а кога Доа ќе се најде во животна опасност, Мехмет тргнува очајнички да стигне до неа.

Додека Мехмет брза кон својата ќерка, тој го удира Џелал со автомобил, кој по несреќата го губи животот.

Обземен од вина поради она што се случило, Мехмет чувствува морална обврска да не ги остави сами сопругата и децата на умрениот, па затоа се приближува до Хандан и нејзините деца, и почнува да им помага, без тие да ја знаат целата вистина за неговата поврзаност со смртта на Џелал.

Така, неговиот обид да го поправи односот со сопствената ќерка се испреплетува со животот на семејството на човекот за чија смрт се чувствува одговорен.

Како што Мехмет станува сè поприсутен животот на Хандан, така и вината, семејните тајни, неверството и чувствата што постепено се раѓаат ја прават вистината сè потешка за криење.

Во ова возбудливо и емотивно патување, гледачите ќе сведочат на важни животни одлуки, болни вистини и неочекувани сојузи. Од понеделник до петок во 19.45 часот, веднаш по централниот дневник на Сител.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
