Александар Ристевски – Принц, Маја Гроздановска-Панчева, Угро, XXL, Калиопи, Марјан Стојановски, Андријана Јаневска, Група ИН, Игор Џамбазов, Ребека, Кристијан Габроски (Ристо Бомбата), Ружица од „Ареа“, Тоше Проески, Каролина Гочева, Симон Трпчески, Александар Митевски, Тијана Дапчевиќ и Раде Врчаковски – Врчак.

Најпознатите имиња на македонската музичка и забавна сцена на едно место и тоа на заедничкиот календар на списанието „Екран“ за 2001 година.
Интересен спомен од почетокот на новиот милениум и фотографија која денес претставува вистинска мала временска капсула на македонската естрада. Сите овие имиња тогаш веќе беа големи ѕвезди, а во годините што следуваа оставија значајна трага на македонската сцена.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
