Почетна / МК Сцена / „Здраве Мјузик“ рамо до рамо со најголемите балкански ѕвезди

„Здраве Мјузик“ рамо до рамо со најголемите балкански ѕвезди

Од охридските сцени до големите балкански настапи, браќата Бојан и Дарко Здравески, членови на групата „Здраве Мјузик“, сè посигурно го градат својот пат кон регионалната музичка сцена.

Со исклучителен професионализам, врвна музичка изведба и моќна сценска енергија, тие се наметнуваат како едно од најперспективните македонски имиња кои во моментов активно ја претставуваат земјата надвор од нејзините граници.

Во изминатиот период, браќата Здравески остварија бројни средби и соработки со етаблирани ѕвезди од српската и балканската естрада, меѓу кои се вбројуваат: Гоца Тржан, Ивана Круниќ, Браќата Арџиќ, Мирослав Илиќ, Лепа Лукиќ, Мира Шкориќ и Аца Лукас.

Ваквите контакти не се случајност, туку јасен доказ за нивниот квалитет, труд и сериозен пристап кон музиката.

Довербата што ја добиваат од големи музички имиња претставува значајно признание за нивната работа и уште една потврда дека македонските музичари имаат што да понудат на регионалната сцена.

Здравески не настапуваат само како изведувачи, туку како вистински амбасадори на македонската музичка енергија, која ја пренесуваат со гордост и автентичност.

„Ние растеме за Македонија и се бориме за Македонија со музиката“, порачуваат браќата, истакнувајќи дека секој нивен настап надвор од земјата е обид достоинствено да се претстави македонската музичка култура. Како македонски музичари, тие успешно се пробиваат низ Балканот, докажувајќи дека посветеноста и искрената љубов кон музиката секогаш наоѓаат пат до публиката.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во луксузна млечна бања, Симона Поповска го сними спотот за „Дај ми“

Со нов сингл, Симона Поповска продолжува да ја гради својата музичка приказна, останувајќи доследна на …

error: Содржината е заштитена!