Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Фото | Цеца со своите кандидати на вечера пред полуфиналето од Гранд

Фото | Цеца со своите кандидати на вечера пред полуфиналето од Гранд

По повеќемесечни настапи, музички дуели и многу емоции, музичкото натпреварување пристигна до самата завршница. Големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ е закажано за 20 јуни со почеток во 21 часот.

Пред финалето ќе се одржи и полуфиналната вечер, во која дури 24 кандидати ќе се борат за пласман во завршницата. Цеца Ражнатовиќ се огласи на Инстаграм со прекрасна објава, покажувајќи како се дружи со своите кандидати, на кои им беше ментор во текот на целата сезона.

Да потсетиме, Цеца оваа сезона покажа колку е посветена на улогата на ментор во „Ѕвездите на Гранд“. Во текот на целата сезона работеше вредно и трпеливо со своите кандидати, давајќи им поддршка на секој чекор и помагајќи им од круг во круг да бидат сè подобри. Многу натпреварувачи токму благодарение на нејзините совети, искуство и енергија успеаја да стигнат до завршницата на натпреварувањето. Кон нив се однесуваше пријателски, секогаш подготвена да ги сослуша, да ги посоветува и да ги охрабри кога тоа беше најпотребно.

Сега, заедно со своите кандидати, со нетрпение ги очекува полуфиналето и големото финале, уверена дека токму најдобрите ќе заблескаат на големата сцена. Нејзината поддршка не изостана ниту во најважните моменти, поради што меѓу натпреварувачите важеше за еден од најомилените и најпосветените ментори оваа сезона.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Вака изгледаше најава за „Кој сака да биде милионер“ со Трендо

Некогаш многу одамна кога имавме разновидна и богата премиерна програма на сите македонски телевизии, особено …

error: Содржината е заштитена!