Почетна / Серии / Британската трилер серија „Нуклеарна подморница“ ова лето на Телма

Британската трилер серија „Нуклеарна подморница“ ова лето на Телма

“Vigil” е британска криминалистичка и политичка драма произведена од BBC One.

Кога еден морнар е пронајден мртов на британската нуклеарна подморница HMS Vigil, надвор од шкотските води, детективката инспекторка Ејми Силва (Suranne Jones) е испратена на подморницата за да го истражи случајот.

Иако војската инсистира дека станува збор за несреќа, Силва наскоро открива дека има многу повеќе во приказната – тајни, прикривања и политички интриги поврзани со британската нуклеарна одбрана и геополитика што се протегаат далеку надвор од подморницата.

Во меѓувреме, нејзината колешка и поранешна партнерка DS Кирстен Лонгакр (Rose Leslie) води паралелна истрага на копно, откривајќи заговори кои вклучуваат државна безбедност, активистички групи и странски влијанија.

Серијата комбинира криминалистичка мистерија, психолошка драма и политички трилер, и доби голема пофалба за атмосферата, сценариото и актерските изведби.

Номинирана е за 2 БАФТА награди, a на Телма ќе ја следиме од стандардниот термин за трилери – 23.30 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ноќи на Телма со „Заливот”, британска криминалистичка серија

Од понеделник до четврток во 23.30 часот – “The Bay”. Дејствието на серијата се одвива …

error: Содржината е заштитена!