Почетна / Сапуници / Италијанската драмска серија за модната куќа „Женски рај“ на Телма

Италијанската драмска серија за модната куќа „Женски рај“ на Телма

„Женски рај“ (Il paradiso delle signore) е италијанска драмска серија сместена во модниот свет на Милано од 50-тите години. Низ љубов, амбиции и тајни, ги следи животите на вработените во една престижна стоковна куќа и нивните лични приказни.

Дејствието се одвива во Милано кон крајот на 1950-тите, каде што легендарниот бутик „Парадизо“ повторно се отвора под водство на Виторио Конти. Со помош на влијателниот банкар Умберто Гуарниери, продавницата станува центар не само на модата, туку и на интриги, амбиции и љубовни приказни.

Додека новите „Венери“ (продавачки) се борат за своето место, се развиваат бројни романтични врски, семејни тајни и деловни конфликти. Минатото на некои ликови – особено поврзано со убиството на Пјетро Мори и исчезнатата Андреина – продолжува да ги прогонува, носејќи нови драматични пресврти.

Серијата ги истражува соништата, разочарувањата и надежите на ликовите, прикажувајќи како љубовта, амбицијата и тајните се испреплетуваат во динамичниот свет на еден од првите модерни трговски центри за жени.

Од понеделник до петок на Телма во 13.45 часот. Репризите се сабота и недела претпладне.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кој пат Прва Скопска ТВ ќе ја репризира руската серија „Јаничар“?

Премиерно започна со емитување на 14 декември 2020 година на МТМ (Прва Скопска ТВ), по …

error: Содржината е заштитена!