Почетна / Сапуници / „Скриени во љубовта“ – нова вечерна романса во 19:45 часот

„Скриени во љубовта“ – нова вечерна романса во 19:45 часот

Мете и Наз доаѓаат од богати фамилии, кои поради еден инцидент од детството, ги вериле уште од мали нозе. Како што минуваат годините, така и нивната врска станува вистинска бура од жестоки расправии и помирувања.

Мете се враќа од студиите во Лондон за да го одржи ветувањето дадено одамна и да се ожени со Наз. Но, неочекуваната средба на Мете со Инџила ќе донесе бура од неочекувани настани.

Инџила е долгогодишната слугинка на Наз која растела во таа куќа и која крие длабоки рани од своето детство. Една ноќ, еден бакнеж, една несопирлива страст ќе ги промени нештата и ќе создаде една нераскинлива емоција меѓу Инџила и Мете која нема да може сосема случајно да избледи.

Од една страна, Мете е приморан да се ожени со Наз, а од друга страна е љубовта кон слугинката и тајната за нивната заедничка ноќ. Сомнежот нема да ја преиспита одлуката на Наз, а љубомората ќе стане доволна болна за да ја спречи забранетата љубов.

Од понеделник до петок во 19.45 часот, веднаш по централниот Дневник, доаѓа нова романтична серија. Скриени во љубовта – серија за следниот предлетен период.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Семеен товар“, нова вечерна драма на Канал 5 во 22 часот

Од понеделник до петок во 22 часот на Канал 5 телевизија – драмската серија “Семеен …

error: Содржината е заштитена!