Почетна / Телевизија / Дали некој во ААВМУ знае што се емитува на македонските телевизии?

Дали некој во ААВМУ знае што се емитува на македонските телевизии?

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави Истражувањето на мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите. Истражувањето било спроведено во периодот од 27 декември 2025 година до 25 јануари 2026 година, со цел да се добие увид во перцепциите, навиките и ставовите на граѓаните во однос на медиумите и медиумските содржини.

Сепак, доколку го погледнете Истражувањето објавено на нивната веб страна, ќе забележите одредени неточности кои не соодејствуваат со медиумската ситуација во Македонија.

Прво, едно од прашањата е на “На која ТВ гледате филм?” Меѓу понудените одговори се наоѓаат Сител и Канал 5, на кои не се емитуваат филмови. Дали АВМУ била свесна што се емитува на нашите телевизии кога го поставила ова прашање? Особено нереално е што самите опции за Сител и Канал 5 имаат процент на одговори што ја поместува реалната слика за ситуацијата во Македонија.

Второ, на прашањето “На која тв гледате серии?”, еден од понудените одговори е Алфа. За информација до ААВМУ, на Алфа не се емитувала ниедна серија минатата година кога е правено истражувањето.

Трето, на прашањето “На која тв гледате спорт?”, понудените одговори ги вклучуваат Сител и Канал 5. Кога ААВМУ виделе спорт да се емитува на овие две телевизии?

Четвртто, на прашањето “На која тв гледате документарни емисии?”, понудените одговори ги вклучуваат Сител и Алсат. Кога ААВМУ виделе документарки да се емитуваат на овие две телевизии?

Петто, на прашањето “На која тв гледате цртани филмови?”, еден од понудените одговори е Сител. Не знаеме само кога тоа на Сител во 2025 се емитувале цртани филмови според ААВМУ?

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали графиката на веб страната на Алфа заглавила пред 20 години?

Дали македонските телевизии во целост се заглавени во период од пред 20 години? Дали македонските …

error: Содржината е заштитена!