Харизматичната и талентирана пејачка, битолчанката Санела Шукриевска дебитираше на годинешниот Макфест со песната „Цунами“, чиј комплетен автор е Кирил Зарлинов (дј Ерик Фокс), а микс и мастерот е на нашиот познат хит мејкер и продуцент Јован Јованов. Стилот на песната е поп-денс.

Санела е студентка на Правен факултет, а завршила како виолинист во средното музичко училиште во Битола. Нејзиниот музички талент го наследила од татко и кој исто така се занимавал со музика и ја охрабрил да се запише во музичко училиште.

Професионално започнува да се занимава со пеење на 15-годишна возраст, настапувајќи на бројни настани низ цела Македонија. Зела учество на фестивали во Грција и Молдавија, каде што освоила први места.

„Цунами“ е нејзината прва песна која се надеваме дека ќе допре до срцата на слушателите и ќе направи вистинско цунами.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
