Почетна / Серии / Новата анимирана серија „Буквождер“ секоја сабота на МРТ 1

Новата анимирана серија „Буквождер“ секоја сабота на МРТ 1

Бушавата азбука го претставува новиот „Буквождер“. „Буквождер“ е нова македонска анимирана серија за деца која ја слави магијата на јазикот, пријателството и заедништвото.

Нашите мали херои, Дарија, Марко и Филип заедно со нивниот чудесен сојузник бувчето Ѕе, тргнуваат во авантури полни со хумор, музика и корисни знаења за јазикот и секојдневниот живот. Секоја епизода носи нова мисија и јасна поука, за да биде подеднакво интересна и за децата и за возрасните.

„Буквождер“ е новото официјално поглавје од проектот „Бушав свет“, токму во годината кога се одбележува 40 години од првото емитување на „Бушава азбука“, копродукција на 2БА Продукција, Види Вака раскажувачко студио и МРТ.

Од 8-ми ноември, секоја сабота во 20.15 часот на МРТ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската крими драма „Алиенист“ во 22.15 часот на Телма

„Алиенист“ започнува кога низа морничави убиства на момчиња проститутки го зафаќа Њујорк. Новоназначениот полициски комесар …

error: Содржината е заштитена!