Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Познат е новиот состав на жирито во новата сезона од Гранд

Познат е новиот состав на жирито во новата сезона од Гранд

Од септември во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна ќе се емитува најновата 19-та сезона од “Звезде Гранда”.

Пејачот Драган Којиќ Кеба денес потпиша договор и стана последниот член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, по што изјави :

„Ѕвезда Гранда“ е несомнено голем проект. Тоа не е само музички натпревар, туку е мост што ги поврзува сите земји од регионот, Европа и светот и брод што плови без музички граници. Би сакал да им се заблагодарам на милионите гледачи кои, врз основа на моето учество во последната сеzona, ми ја покажаа својата безрезервна доверба и наклонетост. Секако ќе го оправдам тоа, а исто така ѝ се заблагодарувам на продукцијата што ја препозна и одлучи да ми ја покаже довербата да бидам постојан член на екипажот на тој брод.

Покрај Ќеба, во жирито остануваат Цеца, Ана Бекута, Џорџе Давид, Александар Милиќ и Снежана Ѓуришиќ, а како нов дел од екипата се придружува Дара Бубамара.

Досегашшните ѕвезди како Вики Миљковиќ, Босанац и Марија Шерифовиќ нема да бидат повеќе дел од шоуто. Дел од нив заминаа во конкурентското шоу Пинкови ѕвезди кое исто така ќе се емитува во Србија од септември.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во регионот квизови и шоуа, кај нас репризи на политички емисии на Алфа

Од понеделник до четврток навечер на Алфа телевизија овој август се емитуваат репризи од веќе …

error: Содржината е заштитена!