Почетна / Сапуници / „Другата жена“, најновата турска сапуница во 21 часот на Канал 5

„Другата жена“, најновата турска сапуница во 21 часот на Канал 5

Од понеделник до петок во 21 часот – приказна за болка, страст и искупување. Другата жена – најновата турска сапуница ќе ја гледате оваа сезона на Канал 5.

Во суровите предели на источна Турција, младата и сиромашна Џејлан живее во постојан терор од нејзините татко. За таткото, жената е таа која мора да трпи и да ги слуша нивните наредби. За да се спасат од бедата во која живеат, таткото ја ветува Џејлан како втора сопруга на човек кого не го ни познава.

За девојката следуваат денови на страв и тага поради планот на таткото, кој е решен по секоја цена да ја омажи и да си обезбеди убав и лагоден живот. За да ја избегне свадбата, Џејлан е приморана да избега и закрила да најде во човекот кој го запозна случајно и кој вистински почнува да го сака – маркантниот и богат Каран.

Откако мистериозно ќе биде убиен братот на Каран, Џејлан ќе биде обвинета за тоа убиство по што следуваат тешки и мачни денови за неа во големата куќа.

По правилата на традицијата, снаата е таа која мора да остане во семејството, па затоа Каран ќе треба да се ожени со Сема.

За одмаздата да биде целосна кон Џејлан за која мисли дека е убиецот, Каран ќе реши да ја ожени како втора сопруга, да остане да живее во куќата и да ги трпи презирот и понижувањата од семејството.

Животот ѝ се менува преку ноќ кога принудена од околностите и суровите правила на општеството, мора да стане втора сопруга на човекот што го љуби.

Раздвоена помеѓу љубовта, вината што ѝ ја припишуваат и новата улога во непријателско семејство, Џејлан мора да се снајде во свет каде жените се жртви на традиции, каде љубовта е луксуз, а вистината тешко се слуша.

Како друга жена, таа станува дел од едно семејство разединето од болка, тајни и скриени интереси. Првата сопруга ја гледа како закана.

За мајка му на Каран, таа е само средство за зачувување на честа. За Каран – таа е негова судбина, но и извор на внатрешен конфликт.

И покрај сè, Џејлан не се откажува. Со огромна внатрешна сила и решителност, таа тргнува по патот на вистината барајќи начин да ја докаже својата невиност, да го врати своето достоинство и да се избори за нешто што изгледа невозможно: слобода и љубов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љубов и предавство во „Заблуда“, нова турска сапуница на Канал 5

Приказна во која тајните се скриени во секој здив на ветрот. Од понеделник до петок …

error: Содржината е заштитена!