Почетна / Филм / Документарниот филм за животот на Хит Леџер во недела на МРТ 1

Документарниот филм за животот на Хит Леџер во недела на МРТ 1

Актерот Хит Леџер беше еден од најдобрите на својата генерација, но за жал почина во 2008 година. Како официјална причина за смртта беше наведено „случајно труење со лекови“.

„Беше моќен уметник посветен на нашата индустрија. Никогаш нема да ја заборавам неговата работа и кој беше тој, неговиот дух. Остави голем впечаток врз мене и многу мои пријатели со кои се дружевме. Жал ми е што не го постигна својот полн потенцијал. Мислам, го постигна, но можеше да направи многу повеќе да не му беше животот прекраток. Остави фантастично наследство“, изјави актерката Наоми Вотс во 2018 година на 10-годишнината од неговата смрт.

Верзијата на Џокер што ја глумеше австралискиот актер Хит Леџер е прогласена за најдобра на сите времиња,а починатиот актер е избран за најдобар Џокер.
Документарниот филм за животот на Хит Леџер гледајте го премиерно на МРТ 1 во недела, 15.20 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ал Пачино во трилер мистеријата „88 минути“ саботно на МРТ 1

Сабота, 23:15 часот на МРТ 1 Форензичар се наоѓа во смртоносна трка со времето за …

error: Содржината е заштитена!