Почетна / Сапуници / „Љубов и грев“, нова играна серија за љубителите на класиките

„Љубов и грев“, нова играна серија за љубителите на класиките

Од понеделник до петок во 21.20 часот. Серија за љубителите на семејните драми.

Керим е богат бизнисмен. Живее луксузно со својата сопруга Селда и нивните деца, несвесен дека една погрешна одлука може да го промени целиот негов живот. Одлука која ќе ги разниша семејните врски и љубовта ќе ја претвори во грев.

За да се оддолжи на човекот што му го спасил животот и починал, Керим ќе реши да ги донесе вдовицата и ќерката на тој човек во неговата куќа.

Имено, Фатма и ќерката Несрин доаѓаат во вилата на богатото семејство, кое од друга страна е изненадено што сосема непознати и сиромашни луѓе ќе живеат под нивниот кров.

Тие насетуваат дека дојденците не се такви какви што навидум изгледаат и сето тоа набрзо ќе им се удри како бумеранг.

Несрин е магепсана од богатството и раскошот во куќата, од манирите и облеката на госпоѓата Селда, од животот кој го живеат тие луѓе. Нејзината болна амбиција ќе ја надмине скромноста, а желбата за пари и моќ ќе ја одведе во погрешна насока.

Затоа, Несрин ќе го заведе Керим со цел да се омажи за него и да стане идната господарка на куќата.

Класична драма за гревот што ќе ја надвладее и љубовта. За лудоста да се има она кое не смее, за опсесијата да се растури она што е најсвето.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

error: Содржината е заштитена!