Почетна / Сапуници / Акција и драма во серијата „Последното лето“ во 22 часот на Канал 5

Акција и драма во серијата „Последното лето“ во 22 часот на Канал 5

Мирис на море, чувство на мир, ветер кој милува. Навидум уште едно мирно лето во Измир за семејството Кара.

Селим Кара е почитуван обвинител од Истанбул. Тој е сопруг и татко на две деца – син и ќерка. Неговото семејство живее во Чешме, Измир, а тој поради природата на работата ретко ги гледа. Неговата сопруга Џанан, целосно е посветена на семејството, занемарувајќи ги своите желби да изгради кариера и да стане адвокат.

Растргнат помеѓу кариерата и семејството, јавниот обвинител Селим ќе се најде на крстопат.

Приказната започнува кога Селим доаѓа во затвор на покана на водачот на мафијата, Селчук Ташкин, за чие апсење е одговорен самиот Селим. Поранешниот мафијашки бос ветува дека ќе сведочи и ќе ги открие сите детали во врска со новиот водач на групата, доколку јавниот обвинител го заштити неговиот син Акѓун и го оддалечи од мафијата. Селим е принуден да донесе одлука која ќе го разниша мирот во семејството.

Со доаѓањето на непоканетиот гостин, неговата сопруга Џанан ќе побара развод! Додека нивната љубов полека и тивко ќе згаснува, една нова љубов неочекувано ќе заискри и пламне! Анѓун ќе се заљуби во ќерката на обвинителот, Јагмур.

За сите ова ќе биде последно среќно лето, односно време… Време исполнето со емоции и љубов, време за преиспитување и надеж, време во кое искрено си верувале еден на друг.

Од понеделник до петок во 22 часот на Канал 5 – серијата “Последното лето”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Телма доаѓа мексиканската хит ТВ новела „Наследство″

Од продуцентот на „Непобедлива љубов“ и „За љубовта нема рецепт“, на програмата на Телма во …

error: Содржината е заштитена!