Почетна / МК Сцена / Видео | „Спас”, нова песна на македонскиот музичар Драги Иванов

Видео | „Спас”, нова песна на македонскиот музичар Драги Иванов

Драги Иванов, музичар и музички продуцент од Скопје, кој поактивно споделува своја музика оваа година, го објави трет сингл за 2024, „Спас”, каде самиот е изведувач, кант-автор и продуцент, а воедно е и одговорен за видео записот. Како и со претходниот видео запис за „Крута”, Мирослав Илиќ е одговорен за графичкиот дизајн и колорот на видеото.

Исто така, вредно да се напомене е описот на YouTube, каде споделува: „Огромна благодарност до Анжелика Иванова, за сета љубов, поддршка и разбирање посебно последнава година и помошта да ги наснимам кратките видеа за промоција. Фала дадо ❤️”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Нова песна на Мартинијан, инспирирана од „April u Beogradu“

Мартинијан Кириловски објави нова песна „Sećanje na april“ – современа музичка приказна инспирирана од емоцијата …

error: Содржината е заштитена!