Почетна / Сапуници / Бали-бег се вери дознајте која е среќничката

Бали-бег се вери дознајте која е среќничката

 

По многубројните трачеви околу неговата сексуалност, турскиот актер Бурак Озџивит се вери! Според насловите што осамнаа во турските медиуми, популарниот актер кој му дава живот на Бали-бег во серијата „Величествениот“ ја запросил својата девојка Џејлан Џапа, која е ќерка на позната турска модна дизајнерка. Тие двајца минатата недела се вратија од повеќедневното патување на француските острови, каде уживаа далеку од репортерите.

 

 

Бурак открива дека одморот го доживеал како просветлување, трудејќи се да ја подобри врската која претрпела бројни неволји во текот на снимањето на серијата „Величествениот“.

Тие завчера се фотографирани на една модна недела во Турција, а како што може да се забележи на фотографијата, раката на актерот сеуште е во гипс, по сообраќајната несреќа што ја доживеа кога падна од мотор заедно со својот пријател.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Книгата за „Девојката од прозорецот” сега преведена и на македонски

Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!