Почетна / Филм / По Аватар 2 и 3 ќе следува и четврт дел од филмот

По Аватар 2 и 3 ќе следува и четврт дел од филмот

Режисерот Џејмс Камерон уште не завршил со снимањето на „Аватар 2“ и „Аватар 3“, а веќе го најавува и четвртиот дел од филмот. Шпекулациите се потврдени, филмот ќе има продолжение и тоа ќе биде повеќе од трилогија. Во изјавата тој открива дека новиот дел ќе се занимава со приказната која претходела во претходните три делови на филмот.

„Уште ништо не сум почнал да пишувам, но се работи на експедицијата на истражувачите, како е да се истражува и живее во светот на Na’vi. Логично е да размислуваме така бидејќи до крајот на третиот дел ќе ја исрцпиме основната приказна па се што останува е да се навратиме наназад на приказната. Да видиме како била првата експедиција и да создадеме нови ликови кои понатаму ќе бидат дел од новите филмови“, стои во изјавата на Камерон.

 

 

Продуцентот Џон Ландау во однос на оваа изјава се изјасни дека е прерано да се зборува за четворката со оглед на тоа дека двојката и тројката сеуште не се завршени.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кибер нападите низ светот во документарец на Телма на 1 мај

Kибер-просторот е понесигурен од кога било, бидејќи хакерите ги искористуваат човечките грешки и техничката ранливост …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!