Почетна / МК Сцена / Видео | Настапот на Мартија на „Златни денови“ во Кратово

Видео | Настапот на Мартија на „Златни денови“ во Кратово

 

Ова се песните кои ги отпеа нашата ѕвездичка

 

Трета година по ред , градот на кулите и мостовите e домаќин и организатор на фестивалот на музиката и забавата. Журката која неколку дена трае до зори и оваа година направи се’ за да го оправда постоењето и епитетот бренд на Кратово и североистокот, кој како таков успеа да се наметне по само две изминати  изданија.

 

 

Вчерашната вечер помина во знакот на Ѕвездичките на Пинк и настапот на Рибља Чорба. Македонскиот суперфиналист во Ѕвездичките, Мартија Станојкоиќ, пред кратовската публика се претстави со песни кои изминативе месеци ги отпеа во шоуто на малите но големи ѕвездички.

 

Македонската публика, особено децата реагираа одлично на песните на Мартија, снимаа и играа, а и се придружија во пеењето на песните. Иако Мартија важеше за светски потенцијал, сепак на Златните денови таа се претстави со српска и македонска песна.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раперот Ген од Струмица ја освојува Европа со албумот „Adventus“

Тој е млад, решителен и автентичен. Со само 33 години, зад себе има две децении …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!