Почетна / Серии / Музичката драма „Танцувајќи на работ“ секој петок на Телма

Музичката драма „Танцувајќи на работ“ секој петок на Телма

 

Петок, 21.30 часот – нова британска мини серија на Телма

 

Од перото на наградуваниот драматург Stephen Poliakoff на Телма започна серија која ќе ве пренесе во светот на џез музиката. Серијата “Dancing on the edge” снимена е 2013 година и има освоени многу награди, меѓу кои Златен Глобус за најдобра споредна актерка – Жаклин Бисет.

 

 

Дејството се одвива во триесетите години на минатиот век и го прати патот на еден џез оркестар во светот на големите промени. Музичкиот новинар Стенли го запознава тој бенд, таканаречен The Louis Lester Band и им помага на патот до славата, почнувајќи од подрумските клупски настапи па се’ до големите спектакли во хотелот Империјал.

 

 

Бендот ќе се соочи со голем отпор на патот до успехот, отпор првенствено од постарата публика која дотогаш ниту чула таков вид на музика, ниту пак видела Црнци како дел од таков музички состав. Но, една група на млади аристократи ја сакаат нивната музика и ги викаат да свират на една голема забава. 

Како таа забава ќе им помогне на џез музичарите, ќе видите во петок на Телма, во 21 часот и 30 минути.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!