Почетна / Телевизија / Филмови од 90-тите оваа сезона на Скај нет и локалните телевизии

Филмови од 90-тите оваа сезона на Скај нет и локалните телевизии

 

Доколку во вечерните часови наместо турски серии, српски емисии и американски серии ви се гледа некој филм, тогаш Скај Нет телевизија и останатите локални телевизии ширум земјава веќе втора сезона ви го нудат тоа. По еден премиерен филм секој ден, со соодветни репризи во текот на ноќта и следниот ден. Премиерните изданија на играните филмови на Скај нет телевизија се секој ден во 21 часот, а во вечерните термини филмовите се даваат и на телевизиите во другите градови.

 

 

Во продолжение во целост ќе ги објавиме филмовите кои оваа сезона се емитуваат на тие телевизии. Започнуваме со филмови снимени пред 2000 година, односно филмови од деведесетите. Први на ред се комедиите.

Стив Мартин ќе го гледаме во фантастичната комедија од 1994 година, “All of me”, а како ќе се снајде еден полицаец да заштити сведок кој е 12 годишно момче ќе дознаеме во “Deadly game”, филм од 1998 година. Во “Destiny to order”, еден новелист ќе се бори со ликовите од своите романи, а еден новинар ќе дознае дека тој е главниот осомничен за убиствата кои самиот ги истражува во крими комедијата “Heads”. Во “Miss Firecracker” машкиот пол ќе ужива со девојките кои се натпреваруваат на еден избор за убавица, а како функционираат бивши сопружници кога мора да водат заедничка фирма ќе ни покаже “Partners ‘n love”. Од комедиите тука е и “Sirens” со Хју Грант кој живее со три преубави модели.

 

 

Приказната за Џејн Ер е една во редот на драмите кои доаѓаат на Скај Нет. Нејзиното детство под закрилата на тетка и, нејзините години поминати во интернат, желбата да стане учителка и љубовта кон Рочестер кој крие мрачна тајна ќе ве остават без здив во оваа новела, снимена по вистинска приказна. Како ќе се снајдат група на студенти по завршување на факултетот ќе видиме во филмот од 1996 година, “Kicking and Screaming”, a во “Leverase” една секси актерка ќе биде обвинета за убиство а потоа и ќе се вљуби во адвокатот кој и е доделен да ја брани. Дел од другите драми кои ќе имате прилика да ги гледате се “Born champion” и “Butter” од 1998 година, “Frequent lawer” од 1995 година, “Miracle in the woods” od 1997 година.

Кога невестата им кажува на пријателите дека е верена, сите заедно одлучуваат свадбата да се случи веднаш на патувањето во австралиската драма “Under the lighthouse dancing”, а солзите и восхитот чувајте ги за една богата девојка и еден сиромашен ранчер во романсата која говори за љубовта на двајца слепи – “What love sees”.

Која е моќта на пријателството на две мали деца чии родители се загинати во војната ќе дознаеме во приказната за “Alan and Naomi”.

Големите ѕвезди Мерил Стрип, Џереми Ајронс, Винона Рајдер, Антонио Бандерас и Глен Клоус ќе блеснат во “Тhe house of the spirits”, филм за љубовта, револуцијата и семејството.

Тука се и вториот и третиот дел за тајниот експеримент од мртви војници, преку кои Владата на една држава прави неуништливи универзални војници вo “Universal soldier”, вториот и третиот дел на “Highlander”, како и научнофантастичната сатира “Harrison Bergeron” и филмот за инвазијата на вонземјаните – “Target Earth”, a oд акциите ќе ги видиме италијанските “Altrimenti ci arrabbiamo” (1973), “Piedone lo sbirro” (1973) и “Facade”.

 

 

Авантурата ќе започне со Марко Поло и неговиот пат до крајот на земјата во “The incredible adventure of Marco Polo”, ќе продолжи со Пирс Броснан во “Around the world in 80 days” и патот на четирите деца по изгубеното злато во “Durango kids”, a ќе заврши со авантурата на едно сираче и еден дивјак од племе кои ќе се изгубат во дивината во “Lost in the barrens”. Пирс Броснан освен во авантура, ќе го гледаме и во вестерн приказната за “Grey owl”, борецот за животните богаства и природата кој ќе напише и книга за канадската дивина која ќе стане хит во светот.

Адреналин, исчекување, возбуда и страв ќе видиме во трилерите на Скај Нет. “This World, Then the Fireworks” е приказна за една проститука и еден новинар, близнаци кои биле сведоци на убиството на нивниот татко, а сега се луѓе подготвени на се’ за да го добијат тоа што го сакаат. Во “Web of lies” ќе ја видиме потрагата за правда на еден компјутерски стручњак кој е обвинет за банкарска измама, а пак во “Sworn to silence”, еден адвокат ќе мора да смисли начин да го одбрани својот клиент дури и кога тој ќе му каже директно каде се телата на убиените. Филмот “Otterman weekend” е приказна за еден човек кој работи за ЦИА и кој открива дека негова следна мета се неговите пријатели, дојдени во неговиот дом да ја прослават годишнината од пријателството.

 

 

Некои сеќавања никогаш не се бришат, некои чувства никогаш не се менуваат во шпанскиот трилер “Al limite”, a адреналинот ќе порасне најмногу кога едно семејство ќе се бори да опстане од лавината во планината во “Avalanche”. Во “Unabomber: the true story”, еден инспектор ќе го бара терористот бомбаш кој сакаше да го исплаши целото општество со терористчки напад во еден трговски, а пак агентот Блејк ќе ја истражува смртта на едно детенце во “Extralarge: Miami killer”. Редот на трилерите завршува со “Café society” каде еден плејбој е лажно обвинет за експлоатација на бескрупулозен полицаец.

 

Следните денови, ќе дознаете и кои се филмовите од 2000 па навака кои ги имаат откупено локалните македонски телевизии.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …