Почетна / Серии / Телма ќе ја репризира и британската трилер серија „Бродчрџ“

Телма ќе ја репризира и британската трилер серија „Бродчрџ“

 

Прва реприза за “Broadchurch”

 

Детективскиот инспектор Алек Харди доаѓа во Броудчрџ, мирно крајбрежно градче каде што треба да дојде на работното место на Ели Милер во локалната полиција. Првиот ден од работното место му започнува бурно откако го наоѓаат на плажата телото на 11-годишното момче Дени Латимер, за кое на почетокот се претпоставува дека се работи за самоубиство, но …

 

 

Анализите покажуваат дека е извршено убиство. Алек и Ели ќе се соединат да го пронајдат убиецот кој најверојатно се крие помеѓу навидум “совршените“ жители на мирниот град. Малото приморско место одеднаш станува заплеткано во тајни и мистерии, каде секој нешто знае и секој ништо не знае. Случајот привлекува големо медиумско внимание и станува главна линија околу која ќе се врти целото дејство на новтаа крими серија “Broadchurch”.

 

 

Емитувана премиерно минатата тв сезона на Телма телевизија, овојпат реприза на британската драма, во 16.45 часот.

 

 

“So Close” од Ólafur Arnalds и Arnór Dan е одјавната песна на првата сезона, а пак втората сезона завршува со “So Far”. Во Велика Британија во тек е снимање и емитување на третата сезона. Улогите на главните детективи ги толкуваат Дејвид Тенант и Оливија Колман.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТВ по четвртти пат со реприза на серијата „Џек Тејлор“

На местото на репризата на “Арн Дал”,  МТВ 1 в0 вечерните часови започнува со реприза …