Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #46 |Alevosía

Предавство, епизода #46 |Alevosía

 

Додека разговара со Густаво, Лусија се сеќава на детството на Анхелес и се кае што му дозволила на Игнасио да ја воспита, бидејки дозволил да израсне во каприциозна девојка.

Анхелес го изненадува Хоакин со омлет појадок, користејки ја ситуацијата што Естер е излезена. Двајцата зборуваат за своите средношколски денови и убави моменти кои ги минале во Канкун. Анхелес кокетно го прашува дали се сеќава на ноќта која ја минале заедно пред многу години. Хоакин ја замолува да заборави на тоа и ништо да не и кажува на Естер за она што било меѓу нив. Ниту едниот од нив не е свесен дека Естер ја прислушкува конверзацијата.

Лусија и признава на својата мајка дека е сосема здрава и дека сите паднале на манипулацијата на Тринидад. Доња Инес и покрај се не сака да ја пријави својата ќерка Трини за она што и го сторила.

Естер стоејки зад вратата низ солзи го слуша разговорот на Хоакин и Анхелес. Хоакин ја моли Анхелес да заборави на се што било меѓу нив, бидејки сега ја сака Естер и дека сака да се ожени со неа. Но, Естер не го слуша тој дел и заминува од станот.

Сесилија му признава на Хаиме што се сторила Анхелес за да ја раздели нивната врска. Хаиме и признава на Сесилија дека Густаво му дал работа како стажант во новата клиника каде што тој работи сега.

Трини ја убедува Анхелес дека има молба до неа, сега откако ја постави за вице претседател на клиниката, бара од својата внука да му даде развод на Дарио.

Лусија се прашува себеси каде погрешила во воспитувањето на Анхелес, а Чоле ја убедува дека не е нејзина вина што девојката е зла, дека тоа и е во гените.

Во меѓувреме, Алваро кој се повеќе паѓа во канџите на Трини, и подарува сребрен часовник бидејки успеала да ја наговори Анхелес да му даде развод на Дарио. Трини радо го прифаќа подарокот.

Но, среќата за Трини нема да трае долго. Доња Инес ја известува својата ќерка дека го повлекува полномоштвото кое и го дала и и префрла колку болен ум има штом родената мајка ја направила сенилана.

Хоакин ја бара Естер да и објасни за се. Таа му признава дека го слушнала неговиот разговор со Анхелес. Тој и вели дека тоа меѓу нив било многу одамна и дека не и кажал само за да не ја повреди бидејки тие две се дружеле. Естер прифаќа да се смират но само ако се иселат од станот на Анхелес.

Неколку часа подоцна, Трини го кани Андрес, братот близнак на Игнасио на вечера во станот на Октавио.

Естер ја известува Анхелес дека со Хоакин ќе се иселат од нејзиниот стан и и заблагодарува за даденото време и отстапениот простор.

Октавио е фрапиран поради сличноста на Андрес со неговиот покоен пријател Игнасио. За време на вечерата, Андрес ги известува дека дошол за да направи истрага околу сомнителната смрт на неговиот брат близнак.

Подоцна, кога ќе останат сами, Октавио и префрла на Трини што го поканила тој човек на вечера во неговиот дом.

Анхелес, која во својот чичко Андрес гледа свој нов сојузник, го поканува да живее со неа во станот кој и го купи Игнасио пред да почине. Сепак, Андрес ја одбива идејата на својата внука, известуувајки ја дека разликата во нивните години е преголема за заеднички живот.

Октавио се обидува да ја заведе Трини, но таа ги офбива неговите милувања. Октавио ја прашува дали се гледа со некој друг, на што Трини не одговара и користејки го изговорот дека е доцна, заминува од станот.

Густаво ја кани Лусија на вечера со своите пријатели Хоакин и Естер. Лусија не се чуствува згодно за време на вечерата бидејки Хоакин и Естер се пријатели на нејзината ќерка Анхелес. Уште еднаш се чувствува старо за Густаво.

За време на вечерата, Густаво добива телефонски повикод својата теттка Мирјам дека неговата мајка починала во Мексико Сити.

Откако Анхелес ќе дознае од Естер за смрта на мајката на Густаво, Анхелес му се јавува телефонски да му изрази сочувство, но Густавоодбива да зборува со неа.

Откако ќе ја прекине линијата, Анхелес бесно го раскршува инвентарот во станот што повторно сите ја оставаат.

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …