Почетна / МК Сцена / 18-годишниот Борјан Диневски го претстави својот деби сингл – „Трофеј“

18-годишниот Борјан Диневски го претстави својот деби сингл – „Трофеј“

Нова млада ѕвезда пристигнува на македонската музичка сцена. Со модерен афробит звук, летна енергија и вокал што веднаш се препознава, 18-годишниот Борјан Диневски го претставува својот деби сингл – „Трофеј“.

Борјан е четврта година во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје и момче со исклучителен талент и карактеристичен вокал . Покрај љубовта кон музиката, тој е посветен и на науката, каде што е добитник на повеќе државни награди од различни натпревари. Во неговиот свет, науката, глумата и музиката не се спротивности, туку различни начини на изразување на креативноста.

„Трофеј“ е песна изработена во афробит/поп стил, со современ звук, заразен ритам и силен летен призвук што совршено се вклопува во периодот што следи. Песната носи свежина и енергија, а вокалната интерпретација на Борјан остава впечаток уште при првото слушање.

Комплетен автор и продуцент на песната е Александар Масевски, додека „Трофеј“ доби и официјален видео запис во продукција на TCG.mk.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Darkoff со силно деби на македонската музичка сцена

На македонската музичка сцена пристигнува проект што уште на прво слушање остава впечаток дека не …

error: Содржината е заштитена!