Почетна / Сапуници / Нова турска серија „Самрак“ на регионалните телевизии во 18 часот

Нова турска серија „Самрак“ на регионалните телевизии во 18 часот

 

Нова турска серија на македонските телевизии – “Самрак”

 

По велигденските празници, на регионалните телевизии А1, О2, К1, К3, К+, Мега, Ултра и Канал 3 започнува уште една турска серија, снимена од 2003 до 2005 година. Се работи за детективската акциона серија “Самрак” во која главната улога му припаѓа на Кенан Имирзалиоглу, познат како главниот актер во “Езел”, “Карадај” и “Горка љубов”.

 

 

Содржина:

Тафир Бозоглу е главен шеф во Одделението за истражување на криминални случаи “Урфа”, а еден од неговите следбеници кој му се восхитува и го гледа како херој е Ферит, младиот и згоден инспектор. Но во сплет на околности, Ферит е суспендиран од работа и од тој момент неговиот живот започнува да се менува. Тогаш Ферит ја запознава убавата пејачка Шонгул и двајцата започнуваат навидум чиста и искрена врска. За да ја одбрани честа на девојката која е прогонувана од големи криминалци, Ферит решава да се соочи со нив само за да ја извади Шонгул од тој темен свет во кој несвесно влегла.

 

Тогаш Тафир решава да го врати Ферит на работа и да го извади од сплетките во кои навлегол. Она што им останува на Ферит и Тафир е да се борат против целото подземје на чело со опасниот Корај, да ги разоткријат најголемите тајни и да ги спречат најголемите акции на мафијата, но во таа акција, и двајцата ќе бидат приморани да се откажат од најмилите.

Улоги: Kenan İmirzalıoğlu (Ферит), Ayça İnci (Шонгул), Olgun Şimşek (Емир), Settar Tanrıöğen (Фејзо), Nurcan Eren (Туркан) и др.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подгответе се – старува хит серијата „Украдено минато“ на Сител

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо …