Почетна / Серии / На местото на „Ханибал“, Сител ќе ја репризира „Флешпоинт“

На местото на „Ханибал“, Сител ќе ја репризира „Флешпоинт“

 

И Сител телевизија со реприза на серија во 23.45 часот

 

Во понеделник во 23.45 часот на Сител телевизија ќе биде емитувана последната епизода од втората сезона на “Ханибал”, а Сител нема да ја емитува во продолжение третата и последна епизода од серијата.

 

 

Наместо неа, од вторник во истиот термин ќе се репризира веќе емитуваната канадска полициска драма “Флешпоинт”. Авторите на серијата, Стефани Моргинстин и Марк Елис, инспирација за оваа серија нашле во прочуената единица ETF (Emergency Task Force) која се занимава со решавање на најкомплицираните криминални случаи во Торонто и чии припадници се изложени на животна опасност при секоја следна задача.

 

 

Во серијата, таа специјална единица на полицајци се вика SRU (Stratigic Responce Unit) и секојдневно решава најразлични случаи, од киднапирања, до терористички напади, разбивање на банди, сериски убијци и други акции кои обичната полиција не може да ги превземе. Овие полицајци се опремени со најсовремената технологија и оружје, а при решавање на опасните случаи, тие користат своја тактика на преговарање, но доколку мирољубивиот пристап се покаже неуспешен, дури тогаш користат и сила и оружје.

 

 

Припадниците на Флешпоинт се: Ед Лајн (Хју Дилон), Џулс Калахан ( Ејми Џо Џонсон), Лу Јанг (Марк Тејлор), Грег Паркер (Енрико Колатони), Спајк Скарлети (Серџо ди Цио), Роли Креј (Габриел Хоган), Ворди Вордсворт (Мајкл Крим) и Сем Бредик (Дејвид Петко).

 

 

Од серијата досега се снимени вкупно 5 сезони, односно 75 епизоди, кои кон крајот на 2014-та година беа емитувани на оваа фреквенција.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!