Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / 15-та сезона од американскиот „Талент” секој викенд на Сител

15-та сезона од американскиот „Талент” секој викенд на Сител

По завршување на “Британија има талент”, Сител телевизија ќе ни ги претстави најновите таленти, овојпат од Америка. Новата 15-тата сезона од забавното светско шоу “America’s got talent” секоја сабота и недела на Сител во 14 часот.

Сајмон Коуел, кој всушност е креатор на шоуто и извршен продуцент, и во оваа верзија го гледаме како дел од стручното жири, а него друштво му прават Хауи Мендел, како и новите членки Хајди Клум и Софија Вергара. Водител домаќин е познатиот актер и комичар Тери Круз.

Какви таленти ќе ни понуди Америка? Ќе преовладуваат пејачи, танчери, комичари, магионичари, акробати… но кој ќе го освои жирито, ќе настапи во емисиите во живо и ќе успее на крајот на освои 1 милион долари и да добие свое шоу во Лас Вегас?

Кој е американскиот талент за 2020-та година, гледаме секое викенд попладне на Сител.

Уживајте во неверојатните и уникатни настапи во шоуто “Америка има талент”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канал 5 со отворена хуманитарна програма за настраданите од пожарот

Утре (четврток, 27 март), Канал 5 ТВ организира телетон хуманитарна ТВ програма за донирање на …

error: Содржината е заштитена!