Почетна / МК Сцена / Концертот на Балашевиќ, сепак, ќе се одржи на 14 ноември во Скопје

Концертот на Балашевиќ, сепак, ќе се одржи на 14 ноември во Скопје

 

Арена “Борис Трајковски” | 14 ноември

 

Концертот на легендарниот Балашевиќ ќе се одржи на 14 ноември. Во продолжение ви го прикажуваме целосното известување на Авалон продукција, која е организатор на концертот.

 

 

Почитувани,

Сакаме да ве информираме дека поради техничко логистички причини, датумот за концертот на Ѓорѓе Балашевиќ е префрлен за 14-ти ноември, на иста локација- арената „Борис Трајковски“- Скопје.

 Важно: Сите фанови кои набавиле влезници за 30-ти октомври, истите важат и за новиот датум!

 Авалон продукција со огромно задоволство го најавува концертот на легендарниот новосадски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, на 14 ноември во арената „Борис Трајковски“, на кој пред македонските обожаватели ќе го претстави својот најнов музички проект. Човекот кој секогаш го распродава апсолутно секој концерт што го работи (инаку Балашевиќ со концертот на Калемегдан пред две години и со околу 30 илјади посетители, изби на првото место на интерната листа на Авалон продукција по посетеност, и тоа пред Iron Maiden), повторно после 2 ипол години најавува незаборавно музичко патување со македонската публика.

 

 

Последниот музички проект на Балашевиќ наиде на огромно воодушевување секаде каде што тој заедно со неговиот бенд го претстави во изминативе година ипол. Задоволството да уживаат во него досега го имаа загрепчани (пет распродадени концерти во „Ватрослав Лисински“), сараевчани („Зетра“- 20 илјади посетители), жителите на Осијек (10 илјади посетители), Сплит (распродадена Арена еден месец пред концертот)…

Како и за секој голем концерт што го работи Авалон продукција, така и за овој несекојдневен настап на Балашевиќ, билетите беа пуштени во продажба речиси шест месеци пред концертот преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com со цени: 900 денари за партер (седење), 700 и 900 денари за трибина (седење) и 1200 денари за „golden seats“.

Ваша,

Авалон продукција

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момците од „Либеро бенд“ најавуваат нова песна со видео запис

Интересен  и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од …