Почетна / Сапуници / Фото | Вака изгледа главната актерка од „Румелија“ во приватноста

Фото | Вака изгледа главната актерка од „Румелија“ во приватноста

 

Вака изгледа Вахиде од популарната турска серија

 

 

Серијата “Збогум Румелија” која се емитува на Сител телевизија оваа сезона важи за најгледана програма која привлече голема публика пред тв екраните. Секоја вечер, македонските семејства ја пратат приказната за млекарот Рамиз, неговата жена Фатма и нивните пет ќерки.

“Збогум, Румелија” е турска комична серија, која е снимана во Битола, Охрид и мариовските села Маково, Орле и Ореово. Копродуцент на серијата е македонската продукција “Сектор филм”. Во серијата се зборува на архаичен турски јазик, соодветен на времето во кое се одвива дејството. 

 

 

Овој турски проект е подржан од Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Заводот за заштита на спомениците на културата, НУ Завод и музеј Охрид, како и од Општините Битола и Охрид. 

Освен македонските актери, во серијата биле вклучени и многу Битолчани како статисти. а пак турските актери, техничари и монтажери две ипол години живеле и се забавувале во Битола. Самите локации каде што се снимаше привлекоа и многу турски туристи да дојдат и да ја посетат Битола.

Главната актерка во серијата е Берак Тузунтак, која ја толкува улогата на Вахиде, ќерката на млекарот. Ако во серијата Вахиде носи шамии, селска облека и опинци, во приватниот живот, таа изгледа сосем поинаку.

 

 

Гледачите кои ги следат турските серии, можеби од сликиве ја препознаваат по епизодните улоги во “Величествениот”, “Езел” и “Крај”.

 

 

Актерката има завршено Бизнис администрација на Универзитетот во Истанбул, а пред да започне да се занимава со глума, работела и како презентер на вести.

 

 

Истовремено почнала да работи и во една модна агенција. Дека актерката има згодно тело и манекенски став, говорат и овие фотографии.

 

 

Па, кој би рекол дека селанката Вахиде може да изгледа вака во реалниот живот?

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!