Почетна / Серии / Првата Хурем на колена пред Сулејман, ќе се снима и филм!

Првата Хурем на колена пред Сулејман, ќе се снима и филм!

 

На изненадување на сите Мерием Узерли беше гостин на доделувањето на наградите на турскиот магазин GQ.

 

 

Иако на организаторите пред неколку недели им го потврди доаѓањето во Истанбул, Мерием не сакаше никој да знае кога ќе дојде таа. Сакаше да ги изненади колегите со кои го снимаше „Величествениот“ па пред доделувањето на наградите се криеше во хотелска соба. Актерката во Турција пристигна со деветмесечната ќерка Лара, а од Берлин ја понесе и најдобрата пријателка која и помагаше околу девојчето.

„Кога ги собравме гласовите на читателите и видовме дека Халит Ергенч е најпопуларниот, одлучивме дека би било идеално Мерием да му ја предаде наградата. Никој не знаеше дека таа ќе се појави на сцената“, рекоа организаторите.

Актерката, која од 2011. до 2013. година во историската серија ја играше султанката Хурем, робинка и подоцна единствена законска жена на султанот, телевизискиот сопруг Халит Ергенч не го видела од минатото лето.

Тогаш го напушти проектот затоа што не беше задоволна со хонорарот, а поради љубовните проблеми со поранешниот свршеник Кан Атес, имаше нервен слом и заврши на лечење. Кога се појави на сцената Халит занеме од среќа.

 

 

„На секој актер одредена улога му ја одбележува кариерата. Кај мене така беше со Хурем. Таа бунтовна робинка ми ги отвори сите врати во светот и со гордост можам да кажам дека до крајот на животот со задоволство ќе бидам робинката на Сулејман“, изјави Мерием.

Додека му ја даваше наградата на колегата, клекна, а публиката ја награди со аплауз.

„Вакво нешто сеуште немав доживеано. Обично ние мажите клечиме пред жените“, на шега прокоментира Ергенч.

Мерием во Истанбул се дружеше и со султанката Михримах и Рустем-паша.

Сите актери од серијата ќе снимаат и филм за османлискиот освојувач Сулејман Величествениот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!