Почетна / МК Сцена / Марина за момент го оживеа ликот на Тоше Проески

Марина за момент го оживеа ликот на Тоше Проески

 

Популарната шминкерка Марина Мамиќ овој пат на видео сервисот Јутјуб ја претстави својата трансформација во покојниот Тоше Проески. Артистката која во еден момент беше идентична и со Хурем-султан, во описот на видеото посочи дека не поседува права за музичката содржина користена во видеото, односно за песните Полско цвеќе и Игри без граници, но сигурни сме дека никој нема да и замери за тоа што се послужила со нив. Делата на Тоше се наменети за сите оние кои го почитуваат неговиот лик, а оваа девојка одлично го испочитува.

 

 

Марина вели дека оваа трансформација ја направила особено за своите фанови од Македонија и оти се надева дека ќе им се допадне. Таа обожува да го слуша Проески и со задволство ја создала оваа трансформација. Во прилог е видеото, погледнете што умеат да сторат нејзините магични раце.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!