Почетна / Телевизија / Големиот брат / Бобан во интервју открива дали Жарко е геј

Бобан во интервју открива дали Жарко е геј

 

Во најновото интервју што му беше направено на активистот Бобан којшто во понеделникот ја напушти куќата на „Големиот брат“ тој открива интересни детали за некои од станарите. 

 

 

Дали ќе ја посетиш мајка ти по 8 години?

Мајка ми ќе ја посетам кога ќе заврши еуфоријата околу „Големиот брат“. Јас и мојте родители се сакаме, но тие се срамат од тоа што околината им зборува за мене, како сум болен, дека не сум нормален, дека да се биде геј е неприродно. Тие не се срамат од мене, тие  ме сакаат, но околината им праќа друга порака. На жал, со такви сфаќања само се продлабочуваат проблемите и се растураат семејства.

 

Дали е Жарко геј?

Тоа е прашање на кое тој треба да ви одговори. Треба да се почитува неговото право на самоизјаснување. Пред некој ден многу ми беше интересна расправијата меѓу Жарко и Анета, кога Анета му досадуваше да и каже дали има девојка, за на крај тој да каже дека тој и неговиот брат најдобро функционираат без девојки. Жарко е најубав дечко во куќата, ретко убав човек.

 

Можеби Славко е твој тип?

Не е. Не се палам на ќелави мажи.

 

Со кој дечко од куќата би сакал да водиш љубов?

Нема таков. За да се впуштам во афера на „Големиот брат“, тој би морал да исполнува високи критериуми. Морам да признаам дека двајца ценам како личности, тоа се Жељко и Драгутин, бидејќи се прекрасни луѓе, но нема ништо сексуално во сето тоа.

 

Какво мислење имаш за Синди?

Ивана највеќе кажа сама за себе низ расправијата со Невена. Таа претходно ми беше многу драга личност, но во куќата се покажа како друга личност. Зборуваше како не се дружи со прости луѓе и дека нема пријатели кои возат такси или работат во продавници.Тоа го сруши моето мислење за неа, иако бев голем фан на групата Моделс.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!