Почетна / Забава / Ѕвездата од „Росалинда“, Виктор Нориега, е геј!

Ѕвездата од „Росалинда“, Виктор Нориега, е геј!

 

Шпекулациите околу сексуалната определба на Виктор Нориега го следат уште откако ја започна актерската кариера, а изгледа дека сега се потврдени.

 

 

Имено, мексиканскиот папарацо таблоид „ТВ Нотас“ ги улови актерот и неговиот млад колега Гиљермо Руесго на шопинг, со кој играше во серијата „Колку убава љубов“. Иако новинарите прво помислија дека двајцата актери ги поврзува пријателството, нивниот заеднички пријател отркива дека тие всушност се во љубовна врска.

 

 

– „Не се пријатели, во врска се веќе една година. Виктор својот приватен живот отсекогаш го држи далеку од јавноста. Не ја крие својата сексуална определба, но не се ни фали со неа“, изјавено е за магазинот.

Нориега својот 16 години помлад колега го запозна на сетот на серијата „Que bonito amor“ и до денес се неразделни.

– „Со оглед на тоа дека и двајцата се актери, не сакаат јавно да ја признаат врската, затоа што се плашат дека продуцентите повеќе не би ги ангажирале. Меѓутоа, Виктор одамна себеси се прифати онаков каков што е и за тоа има безусловна поддршка од своите најблиски“, открива пријателот на актерот.

 

 

Гласините за хомосексуалноста на Нориега го достигнаа врвот во Мексико кога пред неколку години тој беше уловен во компромитирачка ситуација со фотографот Николас Фелисола. Инаку, нашата телевизиска публика овој актер го запозна преку сериите „Росалинда“, „Напуштен ангел“, „Помеѓу љубовта и омразата“, „Перегрина“ и други шпански серии.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино …

error: Содржината е заштитена!