Почетна / МК Сцена / Што „изгуби“ македонската естрада – Ерзана

Што „изгуби“ македонската естрада – Ерзана

 

При крајот на деведесетите години македонската забавна музичка сцена доживеја еволуција, односно отвори нов лист во историјата, а во него беа запишани особено квалитетни музички имиња. Една од нив е пејачката Ерзана. Нејзиниот единствен но квалитетен албум „Без зборови“ важеше за еден од најпродаваните во краткиот период кога беше актуелна.

 

 

Ерзана како женски изведувач направи многу за забавната музика. Ако Врчак го сметаме за машки изведувач што дефинитивно внесе промени во креирањето на таа музика, тогаш Ерзана тоа го стори од женска страна. Всушност, нејзиниот албум „Без зборови“ и оној првиот на Врчак „Како да побегнам од се“ беа издадени од Авалон Продукција во иста година и претставуваа нешто ново и дотогаш нечуено на овие простори. Како пример ќе го посочиме фактот што Ерзана беше една од првите македонски пејачки што направи соработка со странски рапер кој пее на англиски јазик, тоа можете да го слушнете во големиот хит Колекционер.

 

 

Сево ова ветуваше блескава музичка кариера за Албанката која сите ја обожувавме, се додека истата не се вљуби и одлучи да замине во Њу Џерси. Преку весниците дознавме дека се омажила за Ариан Превала. Нешто подоцна видовме и објава за нејзиниот син што се роди во 2001. година, и на кој му беше дадено името Дориан. Оттогаш, Ерзана за нас претставува само еден убав спомен, бидејќи не слушнавме ама баш ништо повеќе за неа.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Промовирана првата песна на Андреа, дело на Масевски

“I Know” е насловот на деби синглот на новата артистичка надеж Андреа. Музиката, аранжманот и …