Почетна / Телевизија / Цеца и Рада потврдија : Адам е секси и кокетира со публиката

Цеца и Рада потврдија : Адам е секси и кокетира со публиката

 

Адам Лабунски се пласираше понатаму во “Пинковите ѕвезди”

 

– Јас само да те прашам, како е да се биде на твојата планета на совршени луѓе – беше коментарот на Рада Манојловиќ по настапот на нашиот Адам во последното издание на Ѕвездите на Пинк. Македонскиот учесник ги отпеа песните “Нека боли” од Пеџа Меденица и “Како после нас” од Саша Ковачевиќ и ги доби гласовите од жирито за влез во следниот круг од натпреварувањето.

 

По неговиот настап, Бора Чорба заклучи дека Лабунски е роден за на сцена, а женските членови на жирито, Цеца, Рада и Марина се согласија дека тој е секси и дека кокетира со женската публика.

 

За Мирослав Илиќ, Адам растурил во двете песни, и ова го кажува искрено со оглед на тоа дека е секогаш критички настроен кон него.

Македонските телевизиски гледачи ќе го гледаат Адам во сабота навечер на Сител, кога и ќе се емитува целата емисија на “Пинк ѕвезди”.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …