Почетна / Живот / Хуманитарна акција – Дедо Мраз пристигна на мотор

Хуманитарна акција – Дедо Мраз пристигна на мотор

 

Сите заинтересирани граѓани може да бидат дел од традиционалната акција. Во продолжение прочитајте го соопштението од мото клубот МК МЕЧКИ – кои што се организатори на акцијата.

 

 

Почитувани,

Здружението на мотоклисти мото клуб МК МЕЧКИ во рамките на Општина Куманово, во наше здружување па до денес има реализирано многу хуманитарни акции, од кои позначајни се „Дедо Мраз на мотор“, крводарителска акција, хуманитарни забави во Касапски Круг едукација на млади за носење на заштита на опрема за време на управување моторни возила на 2 тркала во соработка со СВР Куманово, како и придружба на МВР и родители на тинејџери во ноќите клубови и кафулиња како превенција за нивната безбедност во доцните часови.

 

 

Особено сме горди со нашата акција „Дедо Мраз на мотор“ која стана традиција за делење новогодишни пакетчиња на децата од Дневниот центр за грижа на лица со посебни потреби од Куманово со која допринесуваме за еднакви услови за живот на сите граѓани.

По повод одржување на шестата по ред акција „Дедо Мраз на мотор“ за реализирање на која ќе дадат допринес Јавните прептирајатија, Приватни стопанственици, Невладини здруженија и граѓани Ве покануваме да станете дел од оваа хумана традиција која ќе се одржи на 26.12.2013 во 12 часот.

Со надеж во Вашата хуманост за уште една насмевка на овие прекрасни лица, однапред благодарни, МК МЕЧКИ Куманово.

Контант број: 077 911 111
Претседтел – Јовица Гиновски

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реновирано живеалиштето за кенгури во Скопската зоолошка

Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед. ‘ Благодарение на донацијата …