Почетна / Забава / Фото | Џастин Бибер се набилда

Фото | Џастин Бибер се набилда

 

Откако го шокираше целиот свет со својата изјава за Ана Франк, 19-годишниот популарен пејач Џастин Бибер, веројатно не го изненадија лошите коментари. Тој неуморно вежба за убаво тело. На својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, Џастин Бибер објави неколку фотографии од своето мускулесто тело поткрепени со циничен коментар.

 

 

„Извонредна вест, Бибер објави две полуголи фотографии, изгледа полудел“, напиша тој под фотографиите.

 

 

Судејќи по тоа, Бибер воопшто не го загрижи неговиот коментар за Ана Франк кој го заобиколи целиот свет. Само да потсетиме дека Џастин на европската турнеја го посети музејот на Ана Франк во Амстердам. Тој во книгата за гости напиша:

„Навистина сум инспириран. Ана била неверојатна девојка. Се надевам дека би сакала да биде мој фан.“ Оваа негова изјава разочара многу од неговите обожаватели.

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие места може да набавите влезници за концертот на Ерос

Резервирајте ги вашите омилени места во А1 Арената и спремете се за одлично италијанско шоу …