Почетна / Забава / Фото | Дали Македонија го доби својот Леонардо да Винчи?

Фото | Дали Македонија го доби својот Леонардо да Винчи?

 

Александар Поповски има само 23 години, а неговите живописни уметнички дела веќе ги освојуваат колекционерите и љубителите на уметноста. Што ли да очекуваме од овој млад човек кога ќе созрее и се доизгради како вистински уметник?

 

 

 

Александар почнува да слика уште од својата 5-та година, а професионално се занимава со оваа работа од 2013-та година. Досега има направено 4 самостојни изложби во чест на прерано починатиот македонски пејач Тоше Проески кој е негова инспирирација уште од детството.

– „Изложбите за Тоше станаа традиционални и ќе ги реализирам во негова чест се додека сум жив како благодарност за се што направи за нас Македонците“, вели Поповски за ТВ Пакет.

Во последните три години тој има нацртано 300 слики, а 50 од нив го прикажуваат ликот на Тоше.

 

Александар Поповски

 

Битолскиот уметник покрај тоа што слика за своја душа, тој изработува и секаков вид на уметнички слики по нарачка. Сите потребни информации ќе ги најдете на неговата Фејсбук страница Александар Поповски Арт.

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за стенд-ап дуелот на годината – првиот распродаден

Поради рекордно распродадениот прв термин и огромниот интерес од публиката, актерите Марјан Георгиевски и Бојан …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!