Почетна / Сапуници / Фото | Гледачките плакнат очи на згодниот Демир од новата серија на Сител

Фото | Гледачките плакнат очи на згодниот Демир од новата серија на Сител

 

Демир во врска со партнерката од претходната серија

 

 

Богат, згоден и неопходен. Тоа е Демир, главниот лик од новата романтична комедија на Сител – “Љубовта на мојот живот”.

 

 

Македонските гледачки уште по првата недела на емитување на серијата, се “затрескаа” во новиот турски заводник, кој е толкуван од Серкан Чајоглу, турски актер, манекен и модел.

 

 

Роден е во 1987 година во Германија, каде израснал и работел како модел.

 

 

Вистинска слава доживува со улогата во хит серијата “Сезона на цреши”, по што следи и “Љубовта на мојот живот”.

 

 

За време на снимањето на Црешите, тој ја запознава актерката Узѓе Ѓурел, со која набрзо ќе стапи и во врска.

 

 

Во “Љубовта на мојот живот”, Серкан го толкува Демир, сопственик на маркетинг агенцијата каде што работи Ѓокче, образован и богат ерген, сон на секоја жена во Истанбул. Но, проблемот е што тој не и обрнува внимание на Ѓокче, а таа несвесно запаѓа во смешни ситуации поради нејзината опседнатост со шефот.

 

 

Како ќе се одвива љубовната приказна на Ѓокче и Демир, гледате од понеделник до петок во 21 часот. Уживајте со згодниот Демир!

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Погледнете како изгледа најновата хрватска новела

Нова теленовела започнува оваа есен на хрватската телевизија Нова, која се снима во Опатија и …