Почетна / Серии / „Физика или Хемија“ е откупена во Македонија

„Физика или Хемија“ е откупена во Македонија

Тимот на ТВ Пакет открива дека шпанската прајм-тајм серија „Fisica o Quimica“ е продадена во Македонија. Со оглед на тоа дека Македонската телевизија веќе потврди оти во нивната програма ќе се најдат и шпански серии од квалитетни продукции, претпоставуваме дека „Физика или Хемија“ ќе биде дел токму од нивната програмска шема.

Веќе долг период се шпекулира дека МТВ ги има откупено правата за емитување и за мегапопуларната „El Internado“. Останува да чекаме и да видиме колку сето ова е вистина.

 

„Физика или Хемија“ е шпанска телевизиска серија создадена од телевизиската продукција Antena 3. Првата епизода на серијата премиерно e емитувана на 4. февруари, 2008. година.

Пред телевизиското емитување, „Физика или Хемија“ e издадена како мобилна верзија преку Vodafone live! како и на официјалната интернет страница на Antena 3. По успешната прва сезона продукцијата најавува продолжение на серијата кое воведува и нови ликови во приказната.

Во мај, 2011. година, Antena 3 одлучува да го прекине снимањето на „Fisica o Quimica“ по седум снимени сезони. Одлуката е донесена поради тоа што седмата сезона е за 50% помалку гледана од останатите шест. При крајот на серијата публиката дознава дека главниот лик од серијата умира, што резултира со значително негодување од страна на бројните гледачи.

Број на епизоди: 77

Улоги: Ana Milan, Andrea Duro, Javier Calvo, Angy, Ursula Corbero, Nuria Gonzalez, Gonzalo Ramos, Maxi Iglesias, Bart Santana и други.

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициската серија „White collar“ секој работен ден на Нова С

Од 15 октомври во 20 часот на кабловската Нова С започнува нова американска возбудлива акција. …