Почетна / Телевизија / Укинат и естрадниот магазин „Таблоид“ на Алфа?

Укинат и естрадниот магазин „Таблоид“ на Алфа?

 

Од денеска, Алфа телевизија го прекина емитувањето на естрадниот магазин „Таблоид“. Причините непознати.

 

 

Естрадниот магазин „Таблоид“ кој веќе една година се емитуваше на Алфа телевизија, од денеска мистериозно исчезна од програмата. Откако Алфа телевизија доби национална концесија, меѓу многуте новини кои ги воведе беше и оваа емисија, правена по примерот на популарните „A1 Ексклузив“, „Бекстејџ“ и „Екстра Ексклузив“. Емисијата имаше за цел да информира за најновите случувања на македонската и светската музичка и филмска сцена, но и за многу спортски и културни настани, настани поврзани со ноќниот живот во македонските градови итн. Водители на емисијата беа препознатливите млади лица на ТВ Алфа, Ивана Илиевска, Иван Дамчевски, Бона Пауновска и Бојана Тевчева.

 

 

Во текот на своето емитување, емисијата смени неколку термини, а последните месеци се прикажуваше во 19:15 часот. Од денеска на нејзино место се емитува турската серија „Украдена љубов“ во продолжено времетраење. Дали се работи за летна пауза на магазинот или за целосно укинување од програмата, не знаеме. Ова не е првата емисија која исчезна од Алфа. Пред неколку недели, исчезнаа и „Супер ѕвезда“ и „Фактор здравје“. За „Супер ѕвезда“ дознавме дека по 15 години емитување, заминува во историјата на телевизијата, а пак „Фактор здравје“ продолжи да се емитува на 24 Вести. Меѓу неколкуте прекинати содржини е и српската серија „Фолк“ од која останаа неприкажани само неколку епизоди до крајот, а од саботата ја нема ни играно документарната емисија „Алфа акција“.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!