Почетна / Серии / Турските серии закана за САД, го достигнаа второто место во продажба

Турските серии закана за САД, го достигнаа второто место во продажба

 

Турција успеа да застане рамо до рамо со САД кога е во прашање профитабилната индустрија како телевизиските серии. Ретко кој ќе се зачуди кога ќе ја слушне информацијата дека САД е всушност водечката земја во извоз на телевизиски серии. Но дека Турција е на второто место, никој не очекуваше.

 

 

Популарноста на турските серии порасна во последните 10 години и тоа највеќе на Блискиот исток и југоисточна Европа па турските серии се продаваат во стотина земји.

 

 

Иако „Величествениот“ е една од најкоментираните серии во регионот, сепак оваа серија сеуште не успеа да дојде на првото место на листата на најпродавани турски серии. Првото место сеуште го држи „Ѓумуш“. Оваа серија е емитувана во 56 држави, снимена е во 2004. година, а најголемо внимание привлече на Блискиот исток, каде обожавателите протагонистите ги дочекаа на улиците, а последната епизода во Саудиска Арабија е гледана дури од 85 милиони луѓе.

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатите „Чувари на плажата“ од 90-тите се враќаат на Телма

Од понеделник до петок на Телма телевизија во 17.30 часот ќе се емитува популарната американска …