Почетна / Сапуници / Турската комедија „Животот е убав“ ова лето за викенд на Сител

Турската комедија „Животот е убав“ ова лето за викенд на Сител

Сабота и недела во 19.45 часот – летни лудории со Зарифе

 

Ова лето, за викенд ноќите, телевизија Сител ви нуди вистинска летна забава со новата играна комедија “Животот е убав”. Јуни, јули и август насмејте се со Зарифе и селаните во 19 часот и 45 минути, секој викенд на Сител.

Едно село и илјада проблеми во него. Градоначалникот на селото не сака туѓинци во него. Жените се оние кои по цел ден работат на нивите, а мажите се оние кои по цел ден седат по кафеани. И во една таква чудна средина, се запознаваме со уште почудната хероина Зарифе.

Груба, дива, бунтовна, вулгарна, девојка без влакна на јазикот која не прифаќа неправда или наметнување на нечии ставови. Од таа причина, не сака да се ожени со синот на градоначалникот и од таа причина го крева својот глас во име на сите жени во селото. Не дај Боже некој да се доближи до неа. Стапот веднаш ќе заигра.

Но, еден ден случајно таа среќава една фамилија измамници кои решиле да избегаат од Истанбул и да тргнат некаде како што никој нема да ги најде. Тука се таткото Шинаси, мајката, ќерката и двата згодни сина, Саваш и Бариш. Саваш е мачо маж и коцкар, а Бариш е непоправлив Казанова. Поради лудата Зафире, семејството прави сообраќајка на патот и се приморани да останат во селото.

Но, како селаните ќе ги прифатат новите гости? Како Зарифе ќе успее да се справи со Саваш и Бариш, кои за неа се обични богати лигуши и мамини синчиња… но сепак се мажи. Господинот Шинаси дознава дека Зарифе ја знае тајната на магичниот рецепт во селото, и ги тера своите синови да ја смират девојката и некој од нив да се ожени со неа. Тој што ќе се ожени, ќе добие автомобил за подарок. Ќе можат ли Саваш и Бариш да излезат на крај со Зарифе или кога љубовта ќе дојде во прашање, нема повеќе компромиси и ветувања?

Улогите ги толкуваат турските актери Ekin Mert Daymaz, Algı Eke, Burak Çelik, Öykü Çelik, Uğur Çavuşoğlu, Macit Koper, Hakan Meriçliler, Ali Düşenkalkar, Ali Erkazan, Lemi Filozof, Onur Özaydın, Sema Atalay, Deniz Baytaş, Ayşen Sezerel, Yeliz Akkaya, Neşem Akhan, Şennur Nogaylar, Seda Telciler, Batuhan Aydar, Hasan Denizyaran, Ömür Özdemir, Tolga Öztürk и Anıl Çelik. “Животот е убав” со летните содржини на Сител телевизија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!