Откако неколку машки масери го обвинија актерот Џон Траволта дека ги допирал, вдовицата на филмскиот партнер на актерот, Џеф Конвеј, тврди дека Траволта се обидел орално да го задоволи нејзиниот сопруг дека овој спиел.
Во изјавата на Вики Лизи стои дека Траволта бил гостин во нивниот дом на почетокот на 90-те години и оти во раните утрински часови се обидел да има орален секс со актерот со кого играше во култниот мјузикл „Брилијантин“. Од тој момент долгогодишното пријателство меѓу Конвеј и Траволта завршило засекогаш.
„Џеф ми рече дека бракот меѓу Џон и Кели е чиста формалност и оти Кели рекла дека знае за хомосексуалноста на Траволта. Со него била во брак само за да не се дознае вистината“, изјавила Вики Лизи.
Луис Гонзалес, поранешниот масер на Траволта исто така излезе со своја приказна. Тој се пофали со „одличниот секс“ со Траволта во 1997-та година.
„Не можам да кажам дека е хомосексуалец, но дека сака секс со мажи тоа е несомнено. Двајцата подеднакво уживавме. Тој се бакнува толку добро што се сеќавам како вчера да беше“, изјавил Луис Гонзалес.
Chris | ТВ Пакет