Почетна / Серии / Телма ја откупи хит серијата „Декстер“

Телма ја откупи хит серијата „Декстер“

 

Култната американска криминалистичка серија „Декстер“ од 16. јануари започнува на Телма, секој четврток и петок во 22:30 часот. Серијата ќе ја замени „Калифорникација“, која Телма ја прекинува со прикажување по втората сезона како и сите претходни серии од кои беа прикажани само првите сезони (Доктор Хаус, Еурека, Монк, Борбена ѕвезда Галактика, Канцеларијата).

 

 

„Декстер“ е популарна и контроверзна телевизиска драмска серија, која осум сезони со голем успех се прикажуваше на американскиот Showtime канал. Мајкл K. Хол го толкува ликот на полицискиот аналитичар, кој истовремено е и сериски убиец и токму тој лик му донесе на Хол награда од Здружението на телевизиски и филмски актери и „Златен глобус“. Шоуто има над 13 милиони фанови на Фејсбук, а во продолжение ќе ве потсетиме или запознаеме со содржината на серијата.

Декстер Морган е талентиран стручњак за судска медицина, а најјаката страна му е проучувањето на крвта останата на местото на злосторството која служи како основен фактор во откривањето на виновникот. Позади неговиот симпатичен карактер, се крие ужасна тајна. Декстер го превртил својот подсвесен афинитет кон насилството “алтернативна кариера“ – тој ги следи и брутално и мачно ги убива опасните криминалци, кои успеале да ја избегнат “другата страна на законот“. Што се случува во главата на еден сериски убиец? Посебно ако се родил неоптеретен со нешто… човечко? Декстер делува во името на правдата каква што вам другите може да ви ја ветат, макар и тоа да го прави на необичен начин. Тој е убиец, кој се стреми за својата потреба за убивање спрема конкретна цел. Неговата темна страна го тера да убива, но само оние кои заслужиле да бидат убиени. Свеж, невозможен и полн со сакразам, Декстер ќе ве натера да ви биде незгодно.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Пред 27 години беше создадена „Чудовиштата во нашиот град“

Познатите човечиња со големи уши беа вистински телевизиски хит во деведесетите. Оние кои пораснале со …