Почетна / Телевизија / Телевизија Алфа ги збунува гледачите

Телевизија Алфа ги збунува гледачите

 

Гледачите на мексиканската теленовела „Амбис на љубовта“ овие денови се збунети од начинот на којшто се прикажува серијата на Алфа телевизија, што не е случај со ниту една латиноамериканска серија прикажувана досега кај нас.

 

 

Од понеделникот, 4. ноември, епизодите не се прикажуваат во нивното нормално траење од околу 45 минути како што беше дотогаш. Се емитуваат долги парчиња од минатата епизода, па потоа може да оди или да не оди најавната шпица, па има дел од нова епизода и дел од следна епизода за на крајот да заврши или воопшто да не заврши со одјавна шпица.

И објаснувањево е збунувачко за читателите, но на телевизија ова изгледа уште позбунувачко за гледачите. Нејасно е кои сцени се од минатата, кои од тековната, а кои од некоја си следна епизода, затоа што сето тоа се прикажува како една епизода. Се надеваме дека Алфа брзо ќе си ја поправи грешката и ќе го почитува барањето на верните гледачи на оваа серија.

Во продолжение дел од коментарите на нашиот форум:

– Самите ке си ја утнат работата… Вчера едно време одеднаш епизоди од следната епизода и после си продолжија со истата епизода…

– Знае ли некој што се случува со серијава на Алфа?

– Ја кратат и премногу даваат инсерти од “претходната” и “наредната” епизода.

– Околу 18:20 пуштаат најавна шпица околку 5секунди ја прекинуваат и веднаш некаде од средина ја пуштаат одјавната шпица. Не знам кој аматер го монтирал видеото, ама сигурно е дека направил каша попара. Не ми се верува.

– Ова вака не може да продолжи мораме да им се пожалиме на алфа

– Што прават Алфа со серијава? Вчера забележав дека во делот од претходната епизода даваат инсерти од премиерната епизода а денес не ја фатив од почеток и само што пуштив на Алфа гледам даваат одјавна шпица, потоа даваат инсерт за следната епизода и си продолжува новата епизода. Каква е оваа непрофесионалност…

– Ова и вака напишано буни, а не па на телевизија.

– Треба по 5минути да траат инсертите, не 10. И плус не пишува во целост “од претходната епизода” или “во наредната епизода ќе гледате”.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!