Почетна / Телевизија / Х Фактор / ТВ Пакет открива која песна ќе ја пее Даниел вечерва

ТВ Пакет открива која песна ќе ја пее Даниел вечерва

 

Во шестото live издание од најгледаниот музички натпревар „Х Фактор“ ќе погледнеме извонредни настапи од учесниците кои овој пат имаа малку повеќе време за вежбање на истите. Знаеме сите дека поради грипот минатиот вторник немаше елиминациона вечер, но затоа овој вторник се очекува вистински спектакл.

ТВ Пакет ексклузивно ви открива кои песни ќе ги пеат дел од учесниците. Нашиот Даниел Кајмакоски ќе се претстави со песната „Stay“ од Hurts. Останатите тројца учесници за кои штотуку добивме информација се Алекса Перовиќ кој ќе ја пее песната „Поглед у тами“ од Сергеј Четковиќ, Илма Карахмет ќе се претстави со хитот „Hurt“ од Кристина Агилера и тука е Харис Чато со песната „Није хтјела“ од Кемал Монтено.

 

 

До нашите колеги, односно медиумите:

За секоја ексклузивна информација преземена од ТВ Пакет најљубезно ве замолуваме да посочите извор.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …