Почетна / Забава / Талија со особено провокативна песна во дует со раперот Фет Џо

Талија со особено провокативна песна во дует со раперот Фет Џо

 

Латино-американската пејачка Талија овој месец издаде нов албум кој е насловен како „Amore mio“. Нејзините фанови ширум светот постојано коментираат на социјалните мрежи дека нивната Талија конечно се вратила на старото скалило, односно повторно се вратила на својот музички стил. Талија направи кратка пауза по раѓањето на нејзиниот син Алехандро, а потоа ја загуби и својата мајка по што следуваше депресија и музички албум како производ на таа депресија.

 

 

Студиските албуми „Lunada“ (2008) и „Habitame siempre“ (2012) не беа баш најдобро прифатени од нејзините фанови, но ова што сега им го понуди е она што тие го бараа. Тринаесеттиот студиски албум на Талија содржи песни од различни музички правци од балади до жешки латино ритмови.

 

 

На прашањето од новинарите зошто баш насловот „Amore mio“ таа одговори дека нејзиниот сопруг е Италијанец (Томи Мотола) и оти овој наслов е посветен на нејзината љубов. Исто така коментираше дека со создавањето на албумот повторно ја истакнува својата сексуална страна, во нејзините текстови навистина многу е опеана сексуалноста.

 

 

Претходниот месец премиерно беше емитуван спотот од првиот сингл „Por lo que reste de vida“, видеото е во прилог.

 

А на интерент се појави и песната „Tranquila“ која е дел од овој албум и е испеана во дует со раперот Фет Џо, но сеуште не е промовирана како сингл. Според критичарите оваа песна е дефинитивно најдоброто нешто од овој албум и треба да биде испромовирана со добар спот. Песната е втор дует меѓу Талија и Фет Џо.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …