Почетна / Забава / Сочуство до Дадар за трагедијата што му се случи

Сочуство до Дадар за трагедијата што му се случи

 

Со оглед на тоа што стилистот Александар Биљановски – Дадар деновиве се опоравува од тешката трагедија која му се случи, не се осмеливме лично да бараме изјава од скршениот ни стилист, но затоа во името на целиот тим на ТВ Пакет изразуваме длабоко сочуство за неговата загуба. Фала му на Бога не знаеме колку е тешко да се загуби една фенси веце-школка, никој не сака да е во негова кожа овие моменти и секако, ова не би му го посакале ниту на најлошиот непријател. Најстрашно од се е што Дадар не знае дали злоделото е сторено од вработените или од клиентите, што значи дека е можно виновникот да е сеуште покрај него подготвувајќи го следното злодело. Полицијата со сите свои расположливи средства и човечки ресурси трагаат по виновникот.

Нека почива во мир веце-школката на Дадар!

 

 

 

Текстот е инспирација на преголемото форсирање на веста за веце-школката од страна на останатите македонски портали и е наменет да ги насмее посетителите, а не да навреди поединци. 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската Телевизија од вечерва ја враќа „Бушава азбука“ на програмата

Режисерот на култната програма за деца „Бушава азбука“, Слободан Унковски, направи гест кој многу генерации …

error: Содржината е заштитена!