Почетна / МК Сцена / Распродаден и вториот од петте концерти на Каролина!

Распродаден и вториот од петте концерти на Каролина!

 

Авалон Продукција со големо задоволство информира дека и вториот од петте промотивни концерти на Каролина за „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите три концерти 60 проценти од влезниците се веќе распродадени. Бидеќи е очигледно дека сите пет концерти ќе бидат распродадени, Ве молиме набавете ги вашите влезници на време со што ќе го имате во раце први и новиот албум „Македонско девојче 2“.

 

 

Концертите ќе се одржат во Македонската Опера и Балет од 20ти до 24ти февруари. Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание е 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се”, online како и на билетарата на МОБ. Како што претходно Ве информиравме албумот “Македонско Девојче 2” ќе биде во слободна продажба од 25 ти февруари низ цела Македонија.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каролина: Драги мои, честит Денот на независноста на Македонија!

Мега ѕвездата Каролина Гочева со честитки за големиот ден, денот на независноста на Македонија. Нејзината …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!